Амбер Херд кон почетокот на годината се разведе од славниот актер Џони Деп, но по се изгледа не и требаше многу време за повторно да размислува за нова љубов, па дури и нов брак.
Имено, актерката наводно планира да се омажи за својот нов избраник, милијардерот Илон Маск, а оваа информација до медиумите ја сподели нејзиниот татко.
„Нивната врска е сериозна и мојата ќерка е воодушевена од идејата да се омажи“, изјавил Давид и додал дека двојката планира да заснова и семејство.