Како што се покачуваат температурите во летниот период, така комарците се појавуваат. Навечер не нè оставаат да спиеме бидејќи ем ни зујат над глава, ем нè касаат и наутро се будиме со големи црвени пликови на кожата. Сепак, ова лето, избегнете ги досадните комарци со земање на витамин В1.
Витаминот В1 е познат како тијамин и важен минерал потребен за телото. Игра голема улога при зајакнување на имунитетот и борење со стресот. Може да се најде во исхраната како што е кафеавиот ориз, јајцата, житариците, црниот дроб, квасецот, аспарагусот и кељот. Не мора да се грижите доколку земете поголема количина затоа што секој плус витамин се елиминира преку урината.
Но, зошто токму овој витамин ги брка комарците?
Ако го консумирате витаминот ќе ви се смени вашиот мирис, кој воопшто не е привлечен за нив. Сепак, овој мирис не го чувствувате ниту вие ниту другите луѓе. Според некои неодамнешни испитувања, мора да го пробате ова, бидејќи е природно и нема несакани последици. Дури и луѓето кои се хронични алкохоличари, имаат желудочен бајпас и анорексија треба редовно да го консумираат бидејќи значително им ја подобрува ситуацијата.