Се бараат VIBER ДАДИЛКИ: Оваа работа стана хит во соседството!

Оглас за работа објавен под наслов “Viber дадилка” стана хит во Србија.

Веројатно во моментов ова е најбараната работа во соседството, бидејќи за само неколку дена аплицирале над 1000 кандидати.

Потребен е само телефон, инсталиран Viber, добра интернет конекција и познавање на англискиот јазик.
Работната обврска е да чувате деца кои се оддалечени над 10 000 километри од вас, односно деца од САД.

Сите кои аплицирале за оваа работа имаат можност да работат на американскиот пазар, а еве што се бара од кандидатите!

Огласот се појави на специјализираниот портал poslovi.infostud.com каде што уредно регистрирани правни лица објавуваат огласи за работа.

Се работи од дома, на сопствен телефон. Потребно е да имате само инсталиран Viber и стабилна интернет конекција, а камерата овозможува децата да се надгледуваат додека родителите им се отсутни. Условот секако е одлично да се познава англискиот јазик. Кандидатите аплицираат исклучиво преку Viber.

Сајтот кој го објави огласот сеуште нема многу детали и повратни информации, но сигурен е дека не станува збор за чување на мали деца, туку постари деца.

Доколку дојде до непредвидлива ситуација, Viber дадилката која со камера ги следи децата веднаш треба да им се јави на родителите кои во моментот не се во домот.

Освен што од сајтот за вработување не знаат колку трае работниот ден, ниту што се тоа непредвидливи ситуации, непознато е и што се случува кога Viber дадилката ќе ги извести родителите.

Логично е дека родителите не може веднаш да пристигнат, па се претпоставува дека треба да ги алармира соседите, полицијата.

Она што засега се знае е дека за еден час работа дадилките би добивале 600 српски динари.

За некој да постави оглас на poslovi.infostud.com, мора да е во целосно легален, што значи да е регистриран како правно лица и да нема блокирана сметка.

Во овој случај станува збор за американска фирма регистрирана во Србија.

“Генерално, на нашиот сајт многу често оглас објавуваат фирми од странство. Во овој случај потребно е да испратат потврда за регистрација издадена од матичната зејма. Но никогаш до сега не сме имале оглас за вакво егзотично работно место” – изјавил претставник од сајтот за вработување.

Порталот не е задолжен за селекција на кандидатите, па поради ова и немаат повратна информација колку кандидати од Србија ќе ја добијат оваа чудна работа.