Се чувствувате уморно? Еве ги причините

Енергијата не ја губиме само поради недоволно сон, иако токму ова е една од причините за константен замор.

Физички и психички може да не исцрпат и секојдневни работи кои ги правиме или не.

Експертите решија да ги откријат најчестите причини поради кои може да се чувствуваме постојано уморни.

Недостаток на сон

Можеби звучи очигледно, но многу е веројатно да спиете помалку отколку што треба.

Ова може негативно да се влијае на здравјето и на вашата концентрација. Возрасните лица треба да имаат од 6 до 8 часа сон секоја вечер.

Исфрлете ги лаптопот, мобилниот и телевизорот од вашата соба за спиење. Ако сеуште имате проблеми, побарајте помош од доктор.

Недоволно „гориво”

Слабата исхрана може да предизвика замор, но и исхраната со погрешни продукти исто така може да биде проблем.

Балансираната исхрана ќе ви помогне да го одржите крвниот шеќер во нормала и ќе го превенирате тоа непријатно чувство кога крвниот шеќер ви е паднат.
Секогаш појадувајте и вклучете ги протеините и комплексните јаглехидрати во секој оброк.На пример: јадете јајца со интегрален леб.

Исто така дозволете си ужинки во текот на денот за да не ја изгубите енергијата.

Анемија

Анемијата претставува една од водечките причини за замор кај жените.

Црвените крвни клетки – еритроцити, се потребни бидејќи тие го пренесуваат кислородот до ткивата и органите.

За анемија која е предизвикана од недостаток на железо, може да помогнат суплементите на железо и храната богата со железо како месото, школките, гравот и збогатените цереали.

Депресија

Можеби мислите дека депресијата е емоционално растројство, но таа придонесува да се појават и многу физички симптоми.

Замор, главоболка и губиток на апетитот се меѓу најчестите симптоми.

Депресијата добро реагира на психотерапија.

Предозираност со кофеин

Кофеинот може да ја подобри концентрацијата и вниманието кога се зема во умерени дози.

Но, преголеми дози можат да ја забрзаат работата на срцето и да го зголемат крвниот притисок.

Истражувањата покажаа дека кај некои луѓе, зголемениот внес на кофеин може да предизвика и замор.
Постепено намалете со кафето, чајот, чоколадото и газираните пијалоци, како и некои лекови кои содржат кофеин.

Скриена уринарна инфекција

Ако некогаш сте имале уринарна инфекција, значи сте запознаени со жаречката болка и итната потреба од посета на толетот.

Но, инфекцијата не мора да се јави секогаш со тие очигледни симптоми.

Во некои случаеви, заморот може да претставува единствен симптом. Уринокултурата брзо може да ја потврди инфекцијата.

Антибиотиците се лекот за уринарната инфекција, а заморот ќе исчезне само после една недела.

Дехидратација

Заморот може да биде и знак за дехидратација.

Дали сте во теретана или работите канцелариска работа, на вашето тело му е потребна вода за да работи добро и да одржува константна телесна температура.

Пијте редовно вода во текот на денот за да вашата урина е светло – пребоена. Пред да почнете со некоја физичка активност напијте се една голема чаша вода.

Работа во смени

Ноќните смени и промената на работното време може да го нарушат вашиот внатрешен часовник.

Може да се чувствувате уморни тогаш кога треба да сте будни и да имате проблеми со дневното спиење.
Ограничете ја експозицијата на дневна светлина кога треба да одморите. Вашата соба нека биде темна, тивка и поладна од останатите.

Алергија на храна

Некои експерти веруваат дека одредена алергија на храна може да ве прави да бидете поспани.

Ако вашиот замор се зголемува после одреден оброк, може да имате блага интолеранција на тоа што го јадете, но недоволна за да предизвика чешање или црвенило, туку доволно колку да предизвика замор.
Пробајте да ја елиминирате храната една по една за да видите дали вашата состојба со заморот се подобрува.

Синдром на хроничен замор и фибромиалгија

Ако вашиот замор трае подолго од 6 месеци и е толку тежок што неможете да ги вршите секојдневните активности, можеби е во прашање фибромиалгија или синдром на хроничен замор.

Двете состојби можат да имаат различни симптоми, но постојаниот и необјаснет замор е главниот.

Бидејќи не постои брзо решение за овие состојби, пациентите имаат корист од промената на дневниот распоред на активности, негувајќи здрави навики за спиење и практикување на редовни лесни физички вежби.

Брз лек за благ замор

Ако имате благ замор кој не е поврзан со било каква медицинска состојба, решението може да биде во редовното вежбање.

Истражувачите тврдат дека здравите но уморни индивидуи можат да добијат значаен прилив на енергија ако редовно вежбаат.

Возењето велосипед само 20 минути, три пати неделно, значително ќе ви го подобри расположениото и ќе го победи заморот.