Ана Николиќ и раперот Стефан Ѓуриќ – Раста поминаа низ турбулентен приватен период, но очигледно тешките денови се зад нив.
Парот наводно се откажал од разводот, па дури решиле и да направат црковна венчавка.
„Од почетокот на нашата врска, имаме приватни и бизнис проблеми бидејќи ние се запознавме во студио. Но, нашата несоработна со новинарите и потребата да го заштитиме она што го имаме помина низ многу работи. Кога не кажувате како е, оставате простор да се каже она што не е“, вели Раста.
Инаку Ана и Раста последно беа во Македонија, каде ќе го одржат својот концерт на 12 февруари.
Парот се венчаше во 2016-та, а минатата година ја доби ќерката Тара.