Турскиот актер Бурак Озџивит, на македонската публика познат како Бали-бег во серијата „Сулејман Величествениот“, се ожени!
Тој го изговори судбоносното „да“ со долгогодишната девојка и колешка Фахрие Евџен.
Двојката се венчала во раскошната вила „Саит Халим-паша Јалиси“, која гледа на Босфор и која се наоѓа во најубавиот дел на Истанбул.
Бурак и Фахрие за оваа прилика одбрале елегантни стајлинзи.
Актерската двојка се заколнала на вечна љубов пред семејството и пријателите, а погледнете дел од атмосферата.