Се ожени “Џон Сноу” – звездата на „Game of Thrones“ (ФОТО)

Се одржа свадбата помеѓу двете ѕвезди на серијата „Game of Thrones“, Кит Харингтон и Роуз Лесли.
Харингтон и Лесли долго време се подготвуваа за свадбената церемонија, а на неа пристигнаа и голем дел од нивните колеги од серијата „Game of Thrones“, како и семејни пријатели и роднини.

Парот кој во серијата исто така беа во врска, се запозна на снимањето на „Game of Thrones“ во 2012 година. Подоцна, во 2014 година Роуз Лесли ја напушти серијата, додека Кит Харингтон продолжи во истата улога . Во моментот тој работи на снимањето на осмата и последна сезона на „Game of Thrones“, додека Лесли е дел од серијата „The Good Fight“.

На венчавката присуствуваа голем дел од главните ѕвезди на серијата која е виновна за запознавањето на двајцата актери – „Game of Thrones“. Помеѓу присутните можеа да се видат Емилија Кларк, Мејси Вилијамс, Софи Тарнер, како и Питер Динклиџ, кој е многу добар пријател на парот.

Mr. and Mrs. Harington ???? . #kitharington #roseleslie #wedding #couple

A post shared by Kit Harington (@kitharingtonn) on

????❤️ . #roseleslie #kitharington #couple #wedding

A post shared by Kit Harington (@kitharingtonn) on