Се помлади девојки страдат од карцином на дојка! Кaко да се заштитите?

Во нашата земја од рак на дојка најчесто страдаат жени на возраст од 45 до 49 години како и жени на возраст од 55 до 59 години.

Алармантна е информацијата дека од рак на дојка заболуваат и 17 годишни девојки. Ракот на дојка не гледа години, едноставно се појавува онаму каде што смета дека ќе може да „вдоми“ и развие.

Постојат повеќе причини за настанување на рак на дојка. Ги одвојуваме најзначајните:

1. Пол – Жените се изложени на поголем ризик од рак на дојка отколку мажите. Според последните истражувања, само 1 отсто од вкупните случаи на рак на дојка, се поврзува со машкиот пол.

2. Возраст – Како што се зголемува возраста така се зголемува и ризикот за заболување од рак на дојка. Жените кои се на возраст од 60 години се изложени на поголем ризик, отколку помладите жени.

3. Фамилијарна историја – Жените кои имале некој во семејството кој бил заболен од рак на дојка имаат поголеми шанси за појава на карцином од останатите.

4. Изложеност на јонизирачко зрачење – Изложувањето на релативно голема доза на јонизирачко зрачење е поврзано со зголемен ризик за појава на рак на дојка.

5. Дебелината – Дебелината го зголемува ризикот од појава на рак на дојка, па затоа оние жени кои се со прекумерна телесна тежина имаат поголеми шанси за појава на рак на дојка.

6. Менструација на рана возраст – Жените со рана прва менструација се изложени на поголем ризик од појава на оваа болест.

7. Доцна менопауза – Кај жените чија менопауза започнува во возраст над 55 години, се зголемува веројатноста од појава на рак на дојка.

8. Алкохолот – Редовното консумирање на алкохол може да биде причина за зголемениот ризик од појава на рак на дојка.

9. Прво породување по 35-годишна возраст – Жените кои имаат прво дете на возраст над 35 години, имаат 40 отсто поголем ризик да заболат од рак на дојка.

Исклучително е важно ракот на дојка да се открие навреме. Редовната самоконтрола и редовните ултразвучни прегледи, значително ја намалуваат смртноста од рак на дојката.

Се препорачува кај сите жени повозрасни од 30 години редовна контрола на дојки, тоа значи најмалку еднаш годишно да го правите овој преглед. Со самоконтролирање на градите и ехо може секогаш на време да се открие евентуално постоење на патолошки промени во дојката како се поедноставува и леснува понатамошниот третман за лечење.

Ултразвучна дијагностика на ракот на дојката е од непроценливо значење во разликувањето на цврста или цистична грутка во градите.

Грижата за вашето здравје е примарна!