Се разведе од Џони Деп пред 2 дена, а сега го покажа новото момче

Пред само два дена Џони Деп и Амбер Херд официјално се разведоа, а денеска светските медиуми пишуваат за новото момче на актерката.

Убавата Амбер е во врска со американскиот бизнисмен Илон Маск.

момчето на амбер хард

„Амбер е пресреќна поради тоа што разводот е готов, а уште посреќна е поради тоа што може јавно да ја официјализира врската со Илон. Во текот на празниците зборувала со пријателите колку тој ѝ се допаѓа. Веќе има нови планови и ѝ олесни што може да продолжи со животот“, вели извор за „Mirror“.

Амбер Хард

Како што се наведува, Илон подолго време се обидувал да дојде до убавата актерка, дури успеал да договори состанок на кој таа не се појавила.

Сепак, тој не се откажувал и без оглед на тоа што Амбер сe уште била во брак со Џони Деп.

Џони Деп и Амбер Хард