Продуцентската куќа Universal ќе снима филм за Мадона под наслов Blonde Ambition, за борбата на поп дивата во музичката индустрија.
Филмот ќе ја раскаже приказната за Мадона што почнува во 80-тите и ќе го опфати сите препреки што морала да ги помине пред да го сними првиот албум, во време кога музичката индустрија гледала на жените како на потрошен материјал.
Во филмот исто така ќе биде опфатен и љубовниот живот на Мадона. Уште не е познато кој ќе ја игра кралицата на попот музиката, но Blonde Ambition ќе биде прв потфат на сценаријата Елис Холандер.
Филмот лани се најде на врвот на т н. црна листа на најдобри сценарија во Холивуд што не стигнале до продукција.
Меѓутоа, Мадона не е одушевена што ќе се снима филм за неа и искоментира на Instagram.
„Никој не го знае тоа што го знам јас и што сум видела. Само јас можам да ја раскажам мојата приказна. Сите други кои се обидуваат да го направат тоа се шарлатани кои сакаат слава без да се потрудат да ја одработат. Тоа е болеста на нашето општество.”