Се враќа во форма: Бијонсе со Џеј Зи во теретана

Бијонсе не губи време и речиси два месеци по породувањето, полека се враќа во форма.

Пејачката се појави пред тренинг во Санта Моника заедно со сопругот Џеј Зи.

За оваа прилика Бијонсе носеше маичка со кратки ракави и црни хеланки кои го истакнаа нејзиниот задник, но и стомак.

Сепак денес главна тема се папарацо фотографиите на кои пејачката и раперот се гледаат заљубено и се поздравуваат за мотивација и подршка.

Инаку ова не е прво појавување во јавност на Бијонсе по раѓањето на Сер и Руми.