37-годишната Катарина Радивојевиќ, која веќе неколку години живее во Лос Анџелес, овие денови е повторно во Србија, а нејзиното враќање е поврзано со новата серија „Ubice mog oca“, која ќе се емитува на РСТ.
Катарина која своето актерско деби го имаше пред 24 години, кога ја глумеше главната женска улога во филмот „Зона Замфирова“, повторно е спремна за ново дружење со домашната публика.
Времето додека е во Србија го користи и за дружба со пријателите, меѓу кои е и Ана Станиќ.
„Okupljanje“, напиша Ана на фотографијата на која позира со дискретно руменило, додека Катарина на заедничкото селфи не носи шминка.