Фотографиите на социјалните мрежи се особено актуелни изминатиов период, а блогерите постојано прават нови и забавни работи се со цел да ги овековечат со добра фотографија која ќе им донесе многу допаѓања, а со тоа и добра заработка.
Но понекогаш, некои од нивните потези се нависна бесмислени и опасни по живот.
Парот Ракел и Мигел кои имаат повеќе од 200.000 следбеници на нивниот Инстаграм профил, ја разбрануваа јавноста со објавени фотографии.
Ракел висеше од воз во движење во Шри Ланка додека Мигел ја бакнуваше во чело, а на другата фотка Ракел виси додека тој ја држи за рака.
Парот беше нападнат што им дава лош пример на помладите, а тие во своја одбрана кажаа дека возот се движел навистина бавно.
Сепак, овој потег носи преголем ризик за повреди, па дури и смрт.