Седум работи кои би требало да ги направите пред Нова година

Остана уште малку време до Новата 2022 година.

Токму поради оваа причина, погледнете ја листата на седум работи кои секако би требало да ги направите пред Нова година.

Обидете се ова да го направите пред 31 декември.

1. Одбегнете ги новогодишните одлуки
Ретки се оние кои се придржуваат на новогодишните одлуки во годината која доаѓа, затоа што тоа се одлуки кои не сте ги правеле до сега или кои не сакате да ги правите, како на пример, одлуката да го намалите количеството на шеќер кој го внесувата во организмот. Ваквите одлуки се неретко осудени на чувството на беспомошност поради неможноста истите да бидат исполнети.

2. Поставете си мотивирачки цели
Наместо новогодишни одлуки, поставете се мотивациски цели кои навистина ќе ви бидат мотивација во задоволувањето на вашите потреби. Пример: „Во 2014 година ќе изгледам совршено и ќе бидам задоволна доколку го изгубам вишокот на килограми“.
3. Земете еден ден одмор
Земете си еден ден одмор – 24 часа без одговор на мејлови или телефонски повици. За разлика од тоа, поминете го денот во друштво на своите пријатели, семејството и вие самите. Исто така, прочитајте книга или одете на некакво случување.

4. Согледајте ги своите неуспеси
И покрај добрата година, постоеле моменти кога работите не се одвивале онака како што сте посакувале. Потсетете се на таквите лоши моменти и на тоа што сте научили благодарејќи на нив и размислете што ќе направите поинку во иднина со цел истите грешки да не ги повторите. Запомнете, патот до успехот се гради на грешките и не заборавете тоа да го цените.
5. Прославете го својот успех
Иако сте имале напорна година, сигурно постојат периоди кога сте биле успешни, кога работите едноставно добро се одвивале во ваша корист. Размислите за сопствените постигнувања во изминатата година и потсетете се на случувањата и чувствата поради кои сте се чувствувале убаво.

6. Заблагодарете се на оние кои ви помогнале
Сигурно во својата работа сте се сретнале со луѓе кои ви помогнале на некаков начин – било да се работи за помош во работна смисла или едноставно само затоа што на луѓето им е било грижа за вас. Размислете и заблагодарете им се – затоа што тоа го заслужиле.
7. Подарете анонимен подарок
Подарувањето на пријателите или семејството е забавно, но доколку сакате да се чувствувате навистина исполнето, подарете дар без никакви обврски на некој кој тоа му е најпотребно не очекувајќи да ви се заблагодари.