Останете витки со вода
За оние кои се обидуваат да изгубат тежина, водата му помага на метаболизмот и дава чувство на ситост.
Секогаш залак калории можете да го замените со чаша вода, особено половина час пред јадење, водата ќе помогне со само дел од оброкот да се чувствувате сити.
Потребата, организмот да ја затопли водата, доведува до трошење калории.
Доколку се чувствувате уморно и исцрпено, напијте се вода.
Дехидрацијата прави да се чувствувате уморно. Водата исто така ќе му помогне на вашето срце да ја пумпа крвта поефикасно, ќе помогне да се транспортира кислородот и хранливите материи побрзо до вашите клетки.
Помалку стрес со вода
Околу 70 до 80 проценти од вашето мозочното ткиво е вода. Кога сте дехидрирани, вашето тело и вашиот ум се под стрес. Ако имате чувство на жед, веќе сте малку дехидрирани. За да се задржи нивото на стрес на долна граница, чувајте чаша вода на вашата работна маса или носете шише со вода насекаде со вас.
Тонирајте ги мускулите со вода
Водата помага во спречување на грчеви на мускулите, и ги подмачкува зглобовите во телото. Кога сте добро хидрирани, можете да вежбате подолго и посилно.
Вратете го сјајот на вашата кожа со водата
Водата придонесува за помалку брчки и помага вашето лице да изгледа помладо. Водата е основна состојка за функционалност на природниот крем во вашето лице. Таа исто така ја чисти нечистотијата, го забрзува крвотокот и го враќа сјајот на вашето лице.
Водата и варењето
Заедно со влакната, водата е исто толку важна за добро варење. Водата помага да се растворат отпадните честички кои се движат низ вашиот дигестивен тракт. Ако сте дехидрирани, вашето тело ја апсорбира целата вода, оставајќи го вашето дебело црево суво и правејќи потешко да помине отпадот.
Водата го намалува создавањето камења во бубрезите
Стапката на болни со камења во бубрезите се зголемува. Една од причините може да биде фактот што луѓето, вклучувајќи ги и децата – не пијат доволно вода. Водата ги топи солите и минералите во урината кои ги формираат кристалите познати како камења во бубрезите. Камења во бубрезите не можат да се формираат во разредена урина, па за да го намалите ризикот пијте многу вода!