Сега Манда може да почива во мир: Неговиот кум го реши најголемиот проблем на семејството

По смртта на актерот Драган Мандиќ – Манда, неговото семејство се соочи со сериозни финансиски проблеми, односно кредит.

Од сите пријатели и роднини на актерот одговорноста да му помогне на семејството на својот кум и близок пријател најмногу ја презема Драган Бјелогрлиќ.

Токму тој го покрил кредитот од околу 86 илјади евра со чија исплата се мачел Манда и неговата фамилија, пишува српски Телеграф.

„Бјелогрлиќ докажа дека е вистински кум и пријател. Од моментот кога Манда почина, преку погребите и се што следеште по тоа, тој покажа дека е голем човек. Без никаква помпа, без да сака да привлече винимание, им тргна голема грижа на семејството кое се уште не може да најде утеха по смртта на нивниот најблизок“, раскажал извор близок до Бјелогрлиќ.

Соговорниот открил дека на негово инсистирање проблемот да се реши, пријателите се здружиле, но сепак тој бил најзаслужен за исплаќањето на долгот.

манда