Кралицата на поп музиката, Бијонсе на овогодинешните Ем Ти Ви награди со својот најнов албум „Лимонада“ е номинирана во 11 категории со што го зема тронот оваа година.
Со овој албум пејачката се доближи до рекордот на сите времиња, што го постави Лејди Гага во 2005 година кога доби 13 номинации.
Во новиот албум ѕвездата пее за болката низ која поминува афро-америчката жена и тоа низ неколку фази.
Веднаш зад Бијонсе е Адел со 7 номинации.