Секогаш поразлична: Последниот стајлинг на Блејк Лајвли ќе ве освои

Еден од најубавите и најзгодните парови во Холивуд, Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс се појавија на премиера на филмот „Final Portrait“.

Русокосата убавица уште еднаш ги изненади сите со својот поразличен, но шик стајлинг.

За премиерата Блејк се одлучи за интересен фустан со црно бели коцкички, крем капут со интересен дезен и црни сандали со топчиња.

Актерката блескаше покрај својот сопруг, со кој докажаа дека страста сеуште е присутна во нивниот брак, а тие се вљубени како првиот ден.