Блејк Лајвли ја започна промотивната турнеја за нејзиниот најнов филм „All I See Is You“.
30-годишната актерка се појави на прикажување на филмот и пресконференција во Холивуд.
Харизматичната ѕвезда блесна во бела креација од модната куќа Ралф и Русо, но најмногу внимание привлече нејзината коса.
Долгата руса коса на Блејк е минато, таа ја покажа секси боб фризурата, која и стои одлично!