Џастин Бибер и Селена Гомез беа во врска шест години, но раскинуваа неколку пати. Нивната романса беше зачинета со многу драми кои се случуваа пред очите на јавноста.
Но, очигледно екс љубовниците решија да си дадат уште една шанса, па во последнава недела неколку пати беа забележани заедно.
Бибер беше фотографиран како пристигнува во домот на Селена, а оваа недела беа заедно и на појадок.
Инаку, пејачката од неодамна ја раскина врската со The Weeknd. Парот беше заедно 10 месеци.