Селин Дион со емотивна изведба: Пееше за семејството кое го изгуби поради рак (видео)

Селин Дион се расплака на сцената на хуманитарниот настан за борба против ракот „Stand Up 2 Cancer“.

48-годишната пејачка не можеше да си ги задржи солзите додека ја пееше песната „Recovering“, напишана од Пинк.

Пејачката им ја посвети баладата на својот сопруг, брат и татко, кои починаа од рак.

На хуманитарниот настан присуствуваа и многу други ѕвезди, а една од нив беше и актерката Шенон Доерти, која моментално се бори со рак на дојка.

Шенон Доерти