Селин Дион и ја честиташе бременоста на Бијонсе и и порача добро да се спреми за хаосот кој доаѓа со близнаци.
Канадската пејачка ја советуваше својата колешка Бијонсе да се припреми за лудилото кое ќе владее во нејзиниот дом откако ќе ги роди близнаците.
„Тоа е благослов. Таа веќе е долго во оваа работа и има свои луѓе кои сигурно ќе и помагаат во нејзините обврски.“, рекла Дион.
Таа пред седум години роди две момчиња Нелсон и Еди, а минатата година го изгуби сопругот па сега за нив се грижи сама.