Семејна трагедија: Неда Украден неутешна!

Неда Украден доживеа вистинска семејна трагедија. Вчера на 92-годишна возраст почина нејзината мајка.

Како што пишуваат српските медиуми, пејачката е во лоша здравствена состојба, а во Белград чека да пристигне нејзината ќерка.

Неда од својата мајка Анџелија се прости и на социјалните мрежи:

„RIP… Мајко мила, теши ја својата ќерка единица, не дај ноќва да ме боли раната на срцето. На кого сега да го пеам ова? Ја нема повеќе мојата мајка, мојот ангел чувар, мојата Анџелија! Патувај со ангелите“.