Семејството на Џорџ Мајкл му забрани на неговото момче да дојде на погребот

Семејството на Џорџ Мајкл му забрани на Фади Фавез, поранешното момче на пејачот да присуствува на погребот.

Како што изјави роднина на починатиот пејач, Фади нема да биде добредојден на погребот.

„Фавез никој од семејството не го покани ниту ќе го покани на погребот, зошто никој не го сака. Господ нека му помогне ако одлучи да дојде“, изјави роднината и додаде дека славниот музичар ќе биде закопан во своето омилено одело.

Додека точниот датум за погребот на Џорџ Мајкл не е потврден, потврдено е дека пејачот ќе биде закопан на гробштата во северен Лондон до својата мајка.