Семејството на пејачот револтирано: Повторно одложен погребот на Џорџ Мајкл

Пејачот Џорџ Мајкл почина на 25 декември минатата година, меѓутоа тој се уште не е погребан и не се знае кога точно ќе биде.

Причината за тоа е што досегашните испитување се уште ја немаат откриено причината за смртта на Џорџ Мајкл.

Првичната токсиколошка анализа не ја открила причината за смртта, а според некои извори за нова ќе мора да се чека уште најмалце три месеци.

Семејството и најблиските биле револтирани и нервозни зошто толку долго трае утврдувањето на причините за смртта и се надеваат дека за брзо ќе може да се простат од познатиот пејач.

џорџ мајкл