Семејството тајно ќе го погреба Џорџ Мајкл

Пред три дена, а точно десет недели од смртта на Џорџ Мајк, финалниот обдукциски извештај покажа дека музичарот починал од природна смрт.

Семејството конечно ќе може да го погреба својот син и пријател, но и понатаму ги држи деталите во тајност.

Тие не сакаат да има многу „непоканети“ гости на погребот, ниту да бидат присутни медиумите и папараците.

Последно како што изјави екс момчето на Џорџ Мајк, Фадиј Фаваз, семејството на музичарот му забранило да дојде на неговото последно испраќање.

„Ништо не можам да ви кажам за погребот, јас ништо не знам. Тоа ми е многу чудно, не сум поканет“, изјави тој.