Семките од тиква прават чуда за вашето здравје!

Често не советуваат да ги избегнуваме грицките, но тоа не значи дека тие секогаш мора да се штетни и лоши.

На пример семките од тиква се грицки кои се вкусни и здрави.

Тиквите сами по себе се здрави, а нивните семки содржат големи количини на магнезиум, калциум, калиум, железо, цинк и витамин К.

Семките можете да ги јадете сирови или потпечени во рерна. Вкусни се и како додаток во салатите, супите и сосовите, а ова се само неколку причини зошто ќе почнете да ги консумирате уште денес.

1. Превенција против рак

Докажано е дека содржат соединенија кои успешно се борат против канцерогените клетки и имаат антивоспалително дејство, па со тоа ги намалуваат шансите за рак за цели 23%.

2. Ги ублажуваат симптомите на менопауза

Семките од тиква ги регулираат нападите на топлина, главоболките, ја намалуваат болката во зглобовите и им помагаат на луѓето кои се склони кон нагли промени на расположението.

3. Го намалуваат холестеролот

Имаат моќ да го намалат лошиот холестерол за 13%, а покрај тоа го намалуваат ризикот од настанување на крвни згрутчувања, мозочен и срцев удар преку тоа што го регулираат крвниот притисок.

4. Штитат од дијабетес

Богати со здрави незаситени масни киселини, семките од тиква се ефикасни и за регулирање на шеќерот. Затоа на дијабетичарите им се препорачува секојдневно консумирање.

5. Помагаат во слабеењето

Заради тоа што се богати со влакна и протеини, подолго ќе ве држат сити.

6. Се борат со депресијата

Не само што го подобруваат физичкото здравје, туку имаат благотворно дејство и на психичкото. Семките за брзо време може да ви ги намалат симптомите на депресија, стрес и анксиозност.

7. Спречуваат настанување на остеопороза

Семките се одличен извор на цинк, минерал кој им е неопходен на коските. Само 1/4 шолја семки од тиква содржи 17% од препорачаната дневна количина цинк.