Сестрите Сонија и Фајза Али се познати шминкерки од Дубаи.
Покрај советите за шнинка кои ги делат со скоро милион следбеници на Инстаграм, овие две девојки привлекуваат внимание и со својот специфичен и провокативен изглед.
Неверојатно е колку многу Сонија и Фајза наликуваат на славните сестри Ким Кардашијан и Кајли Џенер.
Покрај физичкиот изглед, сестрите имаат скоро ист стил на облекување со Ким и Кајли, а идентичен е и начинот на кој тие се шминкаат и фотографираат.
Бизарната сличност е резултат на бројни естетски операции кои ги направиле овие шминкерки, а се со цел да личат на своите колешки од Америка.