По Џиџи Хадид која на ангелите на „Victoria’s Secret“ им се приклучи минатата година, во новото шоу ќе ја видиме и нејзината сестра Бела Хадид.
Бела доминираше на модните недели за пролет 2017-та година, а сега ќе се појави и во улога на ангел.
Моделот на социјалните мрежи објави фотографија во долна облека, за неколку часа потоа и на официјалната страна на брендот да биде објавено видео со Бела.
Се разбира оваа година Џиџи повторно ќе биде дел од „Victoria’s Secret“, па сестрите уште еднаш ќе ги видиме заедно на модната писта.