Северина моментално поминува низ семејна драма која се однесува на старателството над нејзиниот син Александар.
Според информацијата на хрватскиот „24 sata“, судијката одлучила дека пејачката 200 дена во годината не може да го види синот, а во оној период додека е со таткото, таа смее да му телефонира еднаш дневно и тоа во 20 часот.
Наводно, ако го побара во 20.03, веќе не ќе може да разговара со него затоа што така би ја прекршила привремената мерка.
Адвокатскиот тим на пејачката решил да се жали на оваа одлука. Се надевале дека до средината на јули судот ќе ја отфрлел оваа привремена мерка.
И додека сите зборуваат за малиот Александар и старателството, Северина реши да објави семејна фотографија на Инстаграм.
На истата се наоѓа нејзиниот син заедно со сопругот Игор Којиќ.