Тенисерот Новак Ѓоковиќ не крие дека исхраната и тренингот се неговиот најсилен адут.
Новак Ѓоковиќ објаснува дека избраната здрава храна е базична во неговото секојдневие и никогаш не ги прескокнува своите навики и ритуали.
Наутро прво пијам вода
Голема чаша вода е за старт на мојот ден, но оставен на собна температура. Ладната вода многу потешко ја обработува организмот, затоа секогаш пијам таква на собна температура. Штом минува осум часот водата е задолжителна за мене, но може да ми послужи и шоља чај.
Ништо без мед
Друго што консумирам за појадок освен вода е две лажички мед. Секој ден тој е на моето мени, а го набавувам од Нов Зеланд. Знам што мислите „Но, медот е шеќер“, да така е, но на вашето тело тој е неопходен, посебно за луѓе што се активни како мене. Медот е многу поздрав од чоколадо и е енергетски одличен.
Моќен доручек
После вежбите, подготвен сум за доручек. Тоа најчесто се мусли без глутен, рака ореви,лешници и кикирики, сецкано овошје, банани и кокосово масло и млеко.
Тука е и тостот
Ако во случај тоа не ми е доволно, тогаш јадам и тост, но тој е или со туна или авокадо, секако со леб без глутен.
Пастата е се што ми треба
Мојот типичен ручек е паста без глутен со зеленчук. Пиперки, домати, ѓумбил, брокули, грашок и морков. Ги комбинирам со маслиново масло и тестенини, останатото е по моја желба и ги има сите потребни протеини што ми требаат.
Пијалокот е важен
Во текот на тренингот секогаш до себе имам две боцички енергетски пијалок, но не било кој, туку оној што содржи фруктоза. Не се тешки за желеудникот, а ми помагаат да се освежам.Во моите пијалоци секогаш мора да има витамин Ц, магнезиум и калциум, а тука се и шејковите со протеини.
Грицкам кофеин
25 милиграми кофеин ги грицкам. Можеби е необично, но тоа е мојот начин за консумирање кафе. Мед имам со мене секогаш па знам да каснам малку заедно со кофеинот.
За вечра органска шницла
Вечерам касно и секогаш е протеински оброк во вид на месо или риба. Тоа значи јунешко, пилешко или лосос. Најважно е да е од органско потекло. Штом е храната поблиска до природата тоа е најдобро. Супата е секогаш покрај мене за вечера.