Шарлиз Терон се доведе во топ форма за филмот „Atomic Blond“ во кој глуми акциона хероина.
На сетот се повредила неколку пати, а целиот процес на снимање како и подготовките за улогата таа ќе ги нарече „брутални“.
41-годишната Шарлиз пред акциониот предизвик, глумеше во филмот „Tully“ каде беше самохрана мајка на три деца.
За потребите на улогата таа се здебели повеќе од 20 килограми, а за трансформацијата ќе каже:
„Овој пат почуствував последици по моето здравје. Поради шеќерот паднав во тешка депресија, бев постојано болна. Не можев никако да ги симнам килограмите. Еден ден му се јавив на мојот доктор и му реков: Мислам дека умирам, јас сум готова“.