Шерил Кол со своето момче Лиам Пејн го очекува своето прво дете, а веста за бременоста се до сега не беше потврдена.
Но, пејачката реши и официјално да го покаже своето бремено стомаче, во новата кампања.
33-годишната Шерил во фотосесијата го прегрнува големото трудничко стомаче додека позира меѓу други славни личности за The Prince’s Trust и L’Oreal Paris.
Славната музичарка носи црн припиен фустан и црни чизми.