Шерил Кол се породи: Парот ја објави првата фотографија од синот

Шерил Кол и Лиам Пеjн станаа родители по прв пат!

Среќната вест преку Инстаграм ја сподели гордиот татко, кој објави прва фотографија со синот.

„Моите најдраги пријатели и семејство знаат дека се ретки моментите кога останувам без зборови… Но, ова е еден од тие моменти! Среќен сум што станав татко и ова е најубавиот момент во мојот живот“, се вели во дел од објавата.

Инаку Шерил Кол и бебето се во одлична состојба.