Ирската поп ѕвезда, Шинед О’Конор вчера исчезна.
Анонимно лице телефонски пријавило дека пејачката исчезнала во шест часот утрото во неделата по локално време, кога тргнала со велосипед и не се вратила дома, по што полицијата објави потрага по неа.
За среќа полицијата ја пронајде 49-годишната Шинед во хотел во предградие, но не соопшти детали околу здравјето на пејачката.
Шинед О’Конор стана светски славна во раните 1990-те години благодарение на песната „Nothing Compares To You“, која неколку години претходно ја напишал неодамна починатата американска рок икона Принс.