Широките насмевки на детските лица се најголема потврда за успешно реализираниот проект „Изворска – извор на креативноста“

Нема поголема награда од широките насмевки и искрената радост која ја покажаа преку 1000 дечиња од 8 градови низ Македонија кои беа вклучени во едукативниот проект „Изворска – Извор на креативноста“, организиран од страна на Маркетинг агенцијата „Маркетинг микс“, а поддржан од Компанијата „Кожувчанка“.

Проектот кој имаше за цел да влијае на подигање на свеста кај најмладите за редовно консумирање на чиста вода се реализираше во текот на месец мај преку креативни работилници за работа со полимерна глина во која учествуваа ученици од четврто одделение.

Преку овие работилници дечињата не само што се едуцираа за важноста на водата за човечкиот организам, туку ја развиваа и детската креативност, моторичките и ликовните вештини преку изработка на магнети за фрижидер во форма на шише.

„Поддршката на едукативни проекти, особено оние со кои се опфатени најмладите, биле и остануваат приоритет за нашата компанија која со години го потврдува нашиот позитивен однос кон заедницата. Веруваме дека со поддршката на вакви проекти активно учествуваме во креирањето на позитивните промени во нашата заедница и градењето на подобра иднина за целото општество“ – изјави Митко Јовановски маркетинг менаџер во тимот на „Кожувчанка“.

Проектот и дополнително ги мотивираше младите да ја изразат својата виузелна креативност и да се вклучат во изборот за најкреативна фотографија, а трите најкреативни фотографии кои беа одбрани од страна на фејсбук публиката беа наградени со велосипед и ролерки.

„Нашата цел: да ја поттикнеме детската креативност, да влијаеме врз подигање на свеста за стекнување здрави животни навики и да го стимулираме позитивниот натпреварувачки дух е остварена. Нашата агенција веќе неколку години наназад во континуитет врши едукација на младите од целата држава и ќе продолжиме со таа практика“ – изјави Лилјана Варадиновска директор од Маркетинг агенцијата „Маркетинг микс“.