Шминкерот на Ким Кардашијан ни открива генијален трик за темните кругови под очите

Повеќето од нас немаат време секој ден да поминуваат долги часови во шминкање и подготвување пред да излезат од дома, посебно не за да одат на работа дотерани.

Па, црногорскиот шминкер на Ким Кардашијан, Марио Дедивановиќ реши со една фотка да ни открие мала тајна со која ќе скратиме на време.

Инстаграм откри дека за очите секојпат да изгледаат беспрекорни доволно е само да употребите коректор на горните капаци.

„За овој изглед искористив кремаст коректор во потемна нијанса наместо сенка и само додадов сјај на очите“ – напишал на фотографијата.