Состојки:
2 главици кромид
чешне лук
4 свински шницли
3 лажици масло
сол, бибер
2 дл. павлака
2 гранчиња мајчина душица
Подготовка:
Излупете го кромидот, па едната главица исечете ја на кругови, а другата на коцки. Излупете го и лукчето и него исечете го на коцки.
Месото испржете го на врело масло, во голема тава за пржење. Кога ќе бидат при крај со пржењето, во тавата додајте ги круговите кромид и пржете уште малку.
Кога месото и кромидот ќе се испржат извадете ги, а во истата тава додајте ги преостанатиот кромид, исецкан на коцки, и лукчето , и пржете околу две минути, потоа посолете и зачинете со бибер. Додајте ја павлаката и сокот од лимон, па сите состојки добро испасирајте ги.
Измијте ја мајчината душица и додајте ја во сосот, па оствете да се вари 5-10 минути, а потоа зачинете го.
Послужете го сосот заедно со шницлите и круговите кромид.