Шок за фановите: Гробот на принцезата Дијана ќе биде преместен

Принцезата Дијана почива на имотот на нејзиниот татко со цел семејството да ја сочува приватноста, но и фановите на принцезата да плаќаат за посета на нејзиниот гроб.

На дваесетата годишнина од нејзината смрт, е погласни се шушкањата дека нејзиниот гроб ќе биде преместен во Лондон, каде „принцезата на народот“ ќе биде поблиску до нејзините луѓе.

„Туристите, но и британците општо за две децении ретко одат на гробот на Дијана, па не е остварена никаква заработка. Поради тоа кралското семејство смета дека е подобро нејзиното вечно почивалиште да се премести во центарот на Лондон“, тврди извор од Бакингамската палата.