Мајкл Џексон почина на 25 јуни во 2009 година од труење со пропофол и бензодијазепин.
Човекот кој беше обвинет за смртта на Џексон, неговиот личен лекар , сега тврди дека пејачот се’ уште бил жив кога бил прогласен за мртов за време на пристигнувањето во болницата во Лос Анџелес, иако лекарите од итната помош тврделе дека бил клинички мртов.
Од смртта на пејачот, Мареј тврдел дека му давал третман за несоница на Џексон за време на вежбите за неговата турнеја која требаше да започне месец подоцна. Докторот му давал Пропофол заедно со други седативи.
„Тој беше без пари, изморен, екстремно тажен. Моите загуби беа страшни, но тоа не ме спречува да го сакам, но и не ме спречува да ја кажам приказната за него која е искрена“, тврди Мареј.
За време на ноќта пред смртта, Мареј му дал неколку седативи и анестетици на Џексон, но ниту еден не му помагал да заспие. Утрината, пејачот побарал пропофол од докторот бидејќи сакал да спие за да може да вежба за турнејата следниот ден.
Мајкл Џексон починал за време на пристигнувањето во болницата во Лос Анџелес.