Познатиот холивудски актер кој периодов е зафатен со нов филмски проект, веќе четири години не ја видел својата најмала ќерка Сури. Сури е родена пред 12 годинии во бракот на Том Круз со актерката Кејти Холмс. Но актерот нема никаков контакт со својата ќерка.
Наводно од неа го оддалечила сајентолошката црква, затоа што девојчето претставува „потенцијален извор на проблеми“.
Всушност, им пречи фактот што поранешната сопруга на Том и мајка на Сури, актерката Кејти Холмс е противник на нивната црква, тврдат добро упатени извори.
Актерот својата ќерка ја нема видено повеќе од четири години.
Том има уште две деца, 25 годишната Изабела и 23 годишниот Конор, кој ги посвоил во бракот со актерката Никол Кидман. Но тие се членови на сајентолошката црква па редовно контактира со нив.