Состојки:
20г. брокула, исечена на парчиња
300 г шпагети
2 млади кромитчиња, исецкани
60 гисечкани зелени маслинки
2 супени лажици копар
200г. туна во конзерва
Рендана кора и сок од 1 лимон
1 супена лажица маслиново масло
Подготовка:
Варете ги шпагетите во солена вода околу 6 минути. Додадете ја брокулата и варете уште наредни 4 минути, додека целосно не бидат сварени.
Во голем сад за послужување ставете го кромидот, маслинките, копарот, туната и сокот и кората од лимон. Додадете ги сварените шпагети со брокула и додадете маслиново. Промешајте ги сите состојки. При послужување додадете врз секоја порција уште малку маслиново масло.