Состојки:
5 јајца
150 мл млеко
100 гр грашок
2 компира
100 гр сецкано димено бело месо
1 главица кромид
2 лажици масло
сол и бибер
Подготовка:
Излупете го компирот и исецкајте го на коцки па заедно со кромидот на кратко пропржете го. Грашокот кратко обарете го и процедете го. Во длабок огноотпорен сад ставете го маслото и убаво размачкајте го. Ставете го месото исецкано на коцки, пропржениот зеленчук, и грашокот. Измешајте ги јајцата со млекото и зачините и прелијте го зеленчукот. Печете околу 40 минути на 180 степени. Послужете со салата.