Што да им подарите на вашите деца за Нова година?

Родителите се прашуваат што да им купат на децата за Нова година.

Најлесно е да се прашаат децата што сакаат, но одговорите често не се „задоволувачки“ за родителите, па мораат да балансираат.

Суштината е подарокот да биде не само по желба на детето, туку и паметно избран, корисен и финансиски достапен.

А ова и не е така едноставно.

На барањата на децата не треба премногу да им се дава значење бидејќи така се поттикнува нивната незаситност.

Ако навикнат да добиваат се што сакаат, многу брзо ќе дојде до заситување, па нема да има здрави желби.
Треба од најмала возраст да знаат дека убавината на подарувањето не е во луксузот, туку во вниманието.

Во пакетчето, покрај колачи, со кои децата сигурно ќе бидат среќни, ставете убави книги, бајки или мини енциклопедии. Не само што се корисни, туку на децата ќе им бидат добро друштво за зимскиот распуст.

Подароците кои поттикнуваат фантазија и креативност, како што се лего коцките, секогаш се добродојдени.

Ако децата се занимаваат со спорт, празниците можат да бидат повод да добија нова топка или тениски рекет.

И друштвените игри ги поттикнуваат децата на размислување и се добри за социјализација.