Редовното туширање е една од најзначајните хигиенски навики, без разлика дали се туширате наутро или навечер. Сепак, разлика постои.
Туширањето би требало да биде навика која ја практикуваме секој ден, но научниците предупредуваат дека секојдневното туширање со сапун може да ја исуши кожата, па се советува само повремено да користите гелови за туширање, а често само обична вода.
А кога треба да се тушираме?
Навиките поврзани за туширањето често се и културолошки. Така во Азија луѓето најчесто се тушираат навечер, додека во САД обично се тушираат наутро.
Но кога е добро да се тушираме? Секој дел од денот има свои предности кога туширањето е во прашање.
Предности на туширање наутро
Туширањето наутро е подобро за луѓето со масна и нечиста кожа со оглед на тоа што во текот на ноќта се потат и лачат себум, па тој останува во текот на целиот ден на површината на кожата и може да ги запуши порите.
Утринскиот туш ја подобрува циркулацијата и го забрзува пулсот, ја олеснува напнатоста во мускулите, па е одличен начин да ја намалите вкочанетоста кај вратот или болката во грбот.
Освен тоа, утринскиот туш ќе ве разбуди подобро од кафе.
Предности на туширање навечер
Вечерниот туш е потврден лек за несоница затоа што делува смирувачки и му сигнализира на телото да започне со лачење на мелатонин, хормонот кој го поттикнува спиењето. Исто така, туширањето навечер го намалува крвниот притисок и го намалува стресот, па е одличен начин за опуштање после напорен ден или тренинг.
Уште една добра работа кога вечерното туширање е во прашање, а тоа е фактот дека чаршафите подолго време ќе ви останат чисти. Дури иако себе си се сметате за чисти, валканиците, себумот и мртвите клетки се насобираат на кожата.