По поплавата во скопското подрачје, помош за Македонија пристигнува од сите страни.
Последно амбасадорот на Република Македонија во Австралија, Веле Трпевски на Фејсбук објави пост во кој ги замолува нашинците таму да донираат за поплавените во Македонија.
До сега во Австралија дијаспората донираше само 1000 долари.
Поради оваа траги-комична ситуација, македонскиот рапер Панчо реши да се пошегува на сметка на донацијата и на Фејсбук објави нова акција во која бара да собереме 2000 долари за дијаспората во Австралија.