ШТО ГУГЛААТ СТРАНЦИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА: Еве што ги интересира најмногу

Луѓето најмногу ги интересира цената на кафето во Хрватска, а пак, за Македонија странците најмногу се заинтересирани колку чини лебот.

Истражувањето е спроведено на англиски јазик што е показател како странците ја гледаат Македонија и што најмногу ги интересира.

Прво прашање на кое сакаат да добијат одговор од Гугл е колку чини лебот во нашата држава.
Очигледно сме познати по вкусниот леб во светот.

Кога е во прашање Мавританија во Африка, луѓето најмногу ги интересира колку чинат робовите во таа држава.

Цените на проститутките во Бугарија, Украина и на Австрија се најпребарувани на Гугл.