Обликот на вашите нокти може да открие многу за вашите особини и карактер.
Пронајдете го обликот кој одговара на вашиот нокт и дознајте што тоа кажува за вас.
Вертикално долг
Креативни сте и друштвени, па така луѓето сакаат да се во ваша близина.Добро се согласувате со останатите.Романтични сте и страствени во љубовта.Кога нешто правите пазите на секој детаљ.
Хоризонтално широк
Искрени сте и знаете да го кажете она што другите луѓе би го преќутеле. Точно знаете што сакате во животот и правите се за да го остварите. Таа особина му е привлечна ан спротивниот пол, но на вас некогаш знае да ви биде непријател.
Заоблен
Вие имате свој стил на живеење и не им обрнувате многу внимание а другите.Тоа значи дека некогаш сте и премногу бавни за денешното темпо на живеење.Опуштени сте и тивки.Носите рационални и лигични одлуки.Поради вашата психичка и емотивна рамнотежа имате одлични и долготрајни пријателства.
Коцкаст
Храбри сте и стрпливи, поради што сакате да ризикувате, но без страв.Тие особини можат да ви помогнат во иднина ако бидете на висока позиција или ако имате сопствен бизнис.Инстиктивно препознавате дали некој сака да ве излаже или да ви ги уништи плановите.Озбилни сте и луѓето тоа го почитуваат.
Во форма на триаголник
Вие сте креативни и иновативни.Воедно сте и перфекционист што може да ви биде меч со две острици.Полни сте со идеи и одлични сте во својата работа.Лесно ги фасцинирате останатите со своето знаење.
Во форма на бадем
Искрени сте и пријателски настроени. Секогаш сте добро расположени и другите сакаат да бидат во ваша близина.Луѓето ве сакаат и поради тоа што скогаш ја кажувате вистината, но делите и многу комплименти.Знаете како да решите тешки ситуации.
Во форма на меч
Амбициозни сте и вредни.Секогаш имате одредена цел која настојувате да ја остварите.На другите делувате позитивно и луѓето сакаат да се дружат со вас.