Луѓето кои палат цигара пред појадокот, имаат најголем ризик за добивање рак на белите дробови и грлото.
Американските научници направија истражување во кое учествуваа 2000 возрасни лица, кои се активни пушачи.
Истражувачите земале примерок од нивната крв, а испитаниците пополнувале анкета која содржела прашања за нивните животни навики и пушењето.
Резултатите покажале дека дури 32% од луѓето палат цигара во првите 5 минути по будењето. 31% процент палат цигара во првите 6 до 30 минути, а 18% пушеле цигара од 31 до 60 минута.
Само 19% од нив првата цигара ја запалиле 1 час по будењето.
Учесниците кои ја запалиле цигарата веднаш по будењето, имале највисоко ниво на отровни матери од цигарата во организмот, во однос на оние кои пушеле по 30 минути.
Научниците заклучиле дека оваа навика е многу штетна за постарите лица.
Тие објаснуваат дека луѓето кои првата цигара ја запалиле толку рано, димот од цигарите го вовлекле подлабоко и подолго го задржиле, што може да предизвика рак на грло и бели дробови.
Наутро пред првата цигара треба да јадете за да му дозволите на организмот да се разбуди. На вашето тело енергијата во утринските часови му е најважна, поради тоа овозможете му здрав почеток на денот.