Кога започнувате со физичка активност, првите неколку дена чувствувате болки кои можеби ќе ве предомислат да продолжите со тренинзите, но дури и после првото вежбање во телото се случуваат големи промени.
Затоа само продолжите да вежбате. Еве што се случува со вашето тело по само првиот тренинг.
1. Стресот исчезнува
Едно истражување покажало дека само 14% од луѓето тренираат за да го намалат нивото на стрес. Дури и ако вежбањето ви создава стрес, сепак тоа стимулира подобра циркулација на крвта до мозокот и лачење на ендорфин – хормонот на среќата.
2. Се спречува настанок на дијабетес
Ниските нивоа на инсулин создаваат дијабетес. Кај луѓето кои вежбаат, само еден тренинг ги намалува масните наслаги во мускулите што го забрзува производството на инсулин.
3. Може да дојде до промена на ДНК
Во студија правена во Шведска, истражувачите откриле дека здравите, но неактивни возрасни луѓе кои имале само еден тренинг, на тој начин влијаеле да се промени генетскиот материјал на нивните мускули. ДНК се наследува од родителите, но начинот на живот, како што е физичката активност и балансираната исхрана можат да имаат важна улога во пренесувањето на одредени гени.
4. Се подобрува концентрацијата
Кога ќе почнете да тренирате, крвта во мозокот ја забрзува функцијата на мозочните ќелии, па со тоа се подобрува концентрацијата.
5. Подобро расположение
За време на тренингот, вашиот мозок почнува да испушта невротрансмитери (ендорфин и сератонин) кои го покренуваат расположението и ги намалуваат шансите за депресија.